(ВИДЕО) Скопскиот бенд South Park со нова песна и прв спот

од Vladimir Zorba

Скопскиот состав познат по живите свирки веќе долги години како дел од ноќниот живот на главниот град, го промовираше својот прв видео спот, заедно со својата нова песна.

Песната е насловена “Најмил мој”, а текстот е на вокалот Светлана Јовановска-Трајковска. Музиката е на Зоран Костадиновски, додека аранжманот на целиот состав, а мастерингот на Александар Масевски.

За видеото на овој весел летен хит се погрижил Александар Ристовски-Принц.

Бендот инаку е сочинет од: Светлана Јовановска-Трајкоска – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благојче Пенов – тапани и Горјан Стојменовски – гитара.

Слични содржини