ВИДЕО: Спасени првите деца од жичарата во Пакистан

од Stefanija Kuzmanovska

Обидите на специјалните сили да спасат шест деца и двајца возрасни од жичара која виси на висина од 274 метри, на една сајла, во планинскиот северозападен дел на Пакистан, ги дадоа првите резултати.

Како што соопшти пакистанската армија на социјалната мрежа Х, првото дете успешно било извлечено од жичарницата.

После тоа, одредени медиуми објавија дека уште две деца биле успешно симнати со хеликоптер.

Islamabad Insider сподели и видео од акцијата.

Според пакистанската Национална управа за управување со катастрофи (НДМА), децата патувале на училиште во провинцијата Хајбер Пахтунхва кога една од сајлите на гондолата се скинал во 9 часот наутро по локално време.

Слични содржини