Влаховиќ пристигна во Торино на лекарски прегледи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ пристигна во Торино каде ќе потпише договор со Јувентус.

Пред тоа ќе мора да мине лекарски прегледи, пренесе Фабрицио Романо.

Трансферот од Фиорентина ќе ја чини „старата дама“ 70 милиони евра плус уште пет преку бонуси, како што беше претходно објавено.

Претходните денови беше лицитирано кој број ќе го носи Влаховиќ на грбот, а сега се знае дека ќе го земе дресот со бројот 28 и ќе добива седум милиони евра годишно.

Слични содржини