ВМРО-ДПМНЕ:Обвинетите во „Монструм“ се на слобода, како што се бараше во платформата од Тирана

од desk2

 

Случајот „Монструм“ е жив пример за морбидната кампања на Зоран Заев и поигрувањето со огромни човечки трагедии за сметка на правењето на сопствен маркетинг. Тоа црн пример до каде е спремен да оди само за да се додржи на власт, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинетите за случајот „Монструм“ се на слобода. Исто како што се бараше во платформата потпишана во Тирана. Тие благодарение на поддршката што ја имаат од власта одложуваат судски рочишта тврдејќи дека биле невини, а кој бил виновен не кажува ниту Заев, ниту Фатиме Фетаи која го презеде предметот за масакрот на Велики четврток“, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека, родителите на убиените деца потврдија дека виновниците се оние кои беа претходно осудени.

„Родителите на убиените јасно кажаа дека Зоран Заев им покажувал транскрипти од телефонски разговори помеѓу Невзет Бејта тогашен потпретседател на ДУИ и еден од обвинетите Фејзи Азири. Заев им кажал на родителите на убиените дека петте броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со обвинетите од „Монструм“ се функционери од ДУИ“, додаде тој.

Пред три недели неделникот „Фокус“ повикувајќи се на извори од истрагата, пишуваше дека во посед на СЈО се 38.000 бомби за убиството кај Смилковско езеро. Овие бомби претходно беа во посед на Зоран Заев. Дали Заев овие бомби и информациите поврзани со Бејта ги користеше при правењето на својата коалиција како вид на уцена за договор, прашуваат од партијата.

Слични содржини