Нов сообраќаен знак во Стокхолм-Шведска предупредува дека пешаци безгрижно поминуваат и целото нивно внимание е во телефонот.

2110994598

Светската мобилна статистика покажува дека годишно секој од нас поминува 23 деноноќија, со заглавен поглед во телефонот. Тука не влегува времето за телефонски повици, туку само за користење на апликации, сурфањето на интернет и пишувањето на пораки.
Поради оваа причина шведски уметници измислија нова патна плоча која ги предупредува возачите да внимаваат со такви граѓани и на пешаците да не гледаат во своите телефони.

Корисниците на социјалните мрежи го дочекаа знакот со потсмев, бидејќи според нив никој нема да обрне поголемо внимание . Особено ако гледаат во својот телефон.

Властите во Стокхолм сепак решиле да ги остават таблите, бидејќи станаа локална атракција.

Слични содржини