Во страотен пожар во Баку загинале четири бебиња, биле стари само неколку часа

од Stefanija Kuzmanovska

Во доцните ноќни часови се случила трагедија во Баку, главниот град на Азербејџан. Четири бебиња загинале во пожар во породилиште само неколку часа по раѓањето.

На снимката се гледа како пожарникарите брзаат во собите со пламен внатре и ги изнесуваат бебињата од одделот за новороденчиња.

„Пронајдени се телата на четири деца кои се лекуваа во неонаталната интензивна нега на Центарот“, се наведува во заедничкото соопштение на Основното обвинителство и министерството за здравство и медицина.

Уште три лица се хоспитализирани поради вдишување чад, но нивната состојба е стабилна.

Вкупно 26 бебиња биле евакуирани од породилното одделение, јавија локалните медиуми.

Претставници на министерството подоцна потврдија дека пожарот бил изгаснат и дека пациентите и посетителите се евакуирани.

За овој инцидент е покрената кривична истрага, бидејќи причината за пожарот останува нејасна.

Слични содржини