Воспитувачи во градинка во Тајван обвинети дека дрогирале деца

од Stefanija Kuzmanovska

Родители на мали деца во Тајван ги обвинија воспитувачите во предучилишна установа дека ги дрогираат нивните деца, објави „Гардијан“.

Воспитувачи во приватната градинка Баорен, во градот Њу Тајпеј, се обвинети дека ги смирувале децата користејќи сируп за кашлица кој предизвикува зависност.

Полицијата започна истрага овој месец откако родителите изразија загриженост дека децата покажуваат невообичаени симптоми, како што се промени во расположението и грчеви.

Слични содржини