Возач со БМВ прегазил двајца пешаци

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека возач на БМВ вчера попладне во 18.45 часот удрил и тешко повредил два пешака на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Непроштено.

„Патничко возило „БМВ”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(30) од с.Глоѓи, тетовско, удрило во малолетен пешак и во М.А.(42), двете од Непроштено. По незгодата, пешаците се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде им се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово“, соопшти полицијата.

Слични содржини