Возило превртено на покрив среде булевар во Тетово, две лица во болница

од Nikola Popovski

Две лица се повредени по вчерашната сообраќајна несреќа во центарот на Тетово при што автомобил се превртел откако удрил во бетонскиот ѕид на булеварот.

Во Тетово, во близина на Културен дом, патничко возило „бмв со тетовски регистерски таблици управувано од лицето Л.Ш.(18) од тетовско Ларце, изгубило контрола над возилото и се превртело на покрив“ се вели во полицискиот извештај.

Во незгодата со тешка повреда се здобил сопатникот, 26- годишник од истото село, додека возачот поминал со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Слични содржини