ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Жена во Србија претепа кутре до смрт

од Stefanija Kuzmanovska

Припадници на српското МВР во Пирот ја уапсиле М. М. (53) од Димитровград, Србија, бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело убивање и малтретирање животни.

Таа е осомничена дека во дворот на семејната куќа во Димитровград со дрвен стап неколкупати го удрила кучето на непознат сопственик, кое од добиените повреди починало.

На социјалните мрежи се појави грозоморна снимка од насилството врз животното. Во неа може да се види постара жена како брутално се однесува кон мало куче и го тепа до смрт.

Слични содржини