Вработените во компанијата на Ким Кардашијан мора да носат облека исклучиво во овие бои

од Stefanija Kuzmanovska

Најпознатата светска старлета Ким Кардашијан, меѓу другото, е и претприемач.

За време на интервју за подкастот на Енџи Мартинез, таа покажа како изгледа нејзината канцеларија. Преовладува минималистички стил, но и неутрални бои.

Таа е толку посветена на својата компанија што бара се да биде во неутрални бои, па дури и гардеробата на нејзините вработени. Имено, тие имаат задолжителен кодекс на облекување, односно палета на бои.

„Тие апсолутно имаат униформи. Не е како ‘Еј, ова е твојата униформа’, туку повеќе е како дозволена палета на бои. Имам прирачник“, додаде таа.

Нејзините работници мора да бидат слично облечени, а потоа објаснила кои тонови им се дозволени.

„Сива, нијанси на сива, црна, тегет, бела и крем. Мислам, можеме да се држиме до сите неутрални бои. Нема многу блокирање на боите“, изјави таа.

Многумина ја осудија оваа одлука, сметајќи ја за премногу строга.

Слични содржини