Вучиќ го најави „најтешкиот период од 1945 година“: „Доаѓаат огромни и темни облаци“

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува за три до четири месеци ситуацијата да биде најлоша во светот од Втората светска војна.

Александар Вучиќ се осврна на геополитичката ситуација во светот, велејќи дека има многу фокусни точки, додека големите сили имаат своја перспектива – „добро е додека се случува на друго место“, изјави тој за РТС.

„Добро е се додека тоа се случува на друго место, така они мислат. Долгорочно не гледам решение бидејќи работите се менуваат, некои се спротивставуваат на тие промени“, рече српскиот претседател и додаде дека „има бројни прекршувања на меѓународните договори, само што некои беа многу прецизни во одредувањето и покажувањето кон оние, кои сега ја прекршуваат Повелбата на ОН, „и не им беше гајле за фактот што ја прекршија кога ни го направија тоа“.

„Но, што можете да направите, тоа лицемерие и играта на меѓународната политика, кој е посилен – угнетува, и толку. Тоа е основниот принцип на меѓународната политика, па да ги оставиме сите нивни разговори за меѓународното право. Ние малите можеме да се држиме до меѓународното право затоа што тоа е единственото нешто на што можеме да се држиме, а овие големите ќе се борат и ќе се борат и ќе станува се посилно и полошо“, се пожали Вучиќ.

Српскиот претседател претходно изјави дека „огромни и темни облаци се надвиснуваат над Србија“, додавајќи дека „по летото доаѓа можеби најтешкиот период од 1945 година до денес“.

Во друга мрачна прогноза, српскиот претседател изјави и дека најтешкиот период од 1945 година ги чека Европа и Србија во следните шест месеци.

„Следните шест, нешто повеќе од шест и пол месеци ќе бидат најтешките за Европа по Втората светска војна во целина. За нас можеби не најтешката, но ќе биде една од најтешките години за граѓаните на Србија од 1945 година. Не сум мирен, но верувам дека ќе можам повеќе да зборувам за тоа кога ќе се вратам од Њујорк. Ни претстојат тешки денови“, рече тој на вонредната седница на Собранието на која тема беше Косово.

Претседателот Вучиќ во гостувањето во „Јутарњи дневник“ на РТС рече дека за граѓаните на Србија е од клучно значење владата да си ја врши работата, да прават што можат, да се борат.

„Ова укажува дека нашата перспектива не е голема и дека против нас ги имаме најдоминантните западни светски сили“, истакна.

Зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ рече дека САД, Италија и Франција се коспонзори на резолуцијата.

„Добивме официјален став дека ќе лобираат и ќе се борат за таа резолуција, јас во истиот разговор одговорив дека не очекував поинаку. Каков херој имате против себе и ќе треба да се борите, бидејќи и ние мислиме да се бориме“, рече Вучиќ, но и додаде дека метафорично рекол херој, но дека и Србија ја смета за херој.

„Ќе пружиме отпор посилно отколку што мислат“, истакна Вучиќ.

Слични содржини