Xiaomi најверојатно ќе го пушти Redmi Note 5 на „Денот на вљубените“

од Vladimir Zorba

Xiaomi објави дека ќе претстави нов паметен телефон во Индија на 14-ти февруари. Се претпоставува дека станува збор за Redmi 5 и Redmi 5 Plus, кои беа презентирани во Кина во декември, но има и други мислења, дека станува збор за новите модели од серијата Redmi Note.

Кодот на страната за настанот на 14 февруари небаре ja крена завесата за тоа што да очекуваме. Анализа на java скриптите на mi.com укажува на директориум redminote5 што наведува на помислата дека ќе го видиме токму овој телефон идната недела.

Минатата година премиерата на Redmi Note 4 во Индија беше спроведена во соработка со локалната суперѕвезда во крикет Равиндра Џадеја кој игра како all-rounder. Мета таговите на страницата за настанот исто така го содржат неколку места зборот all-rounder, што пак води до заклучок дека Џадеја повторно ќе биде рекламно лице на кинеската компанија во Индија, а Redmi Note 5 најверојатно ќе биде рекламиран како универзален уред.

Според други гласини телефонот ќе биде ребрендиран Redmi 5 и Redmi 5 Plus, но не е исклучено да видиме и сосема нов телефон со различни параметри од оние на моделите за кинескиот пазар.

Слични содржини