Заев денес ќе сведочи во новото рочиште за случајот „Титаник“

Како што беше најавено на претходното рочиште, денес во Основниот суд Скопје ќе се појави премиерот, Зоран Заев во улога на сведок за случајот „Титаник“.

За потсетување, во предметот „Титаник“ се обвинети повеќе лица, меѓу кои и екс премиерот, Никола Груевски, како и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Сите лица се сомничат и теретар за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Слични содржини