Заев: Доколку Шилегов не освои нов мандат, некој друг од СДСМ ќе биде на чело на Владата

од Nikola Popovski

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва изјави дека останува Влада предводена од СДСМ, доколку Петре Шилегов не освои нов градоначалнички мандат во Скопје.

На прашањето дали ова значи дека тој ќе си поднесе оставка, а некој друг од СДСМ ќе ја преземе премиерската функција, Заев најави:

-Секако, Влада предводена од СДСМ, со партнерите, плус зајакнато мнозинство, останува на чело, вели тој и додава:

-Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец, сум се борел против режим, сум се борел внатре за соединување на ова општество, дипломатски, но треба поддршката од граѓаните. Јас или Влада предводена со мене, не може понатаму да води. Јас не би можел да бидам локомотива што ќе влече напред со спротиставени локални власти.

Слични содржини