Заев кажа од кои градоначалници е задоволен, но анкетите ќе покажат кои ќе бидат кандидати за локалните избори

од Берта Китинска

-Граѓаните и нивното мислење се тие кои што ќе одлучат со кои кандидати за градоначалници СДСМ ќе излезе на престојните локални избори. Селекцијата на кандидатите ќе ја почнеме некаде во мај-јуни годинава и анкетите ќе кажат од кој од досегашните градоначалници се задоволни и ги исполниле нивните очекувања а од кои не, рече премиер Зоран Заев.

Актуелните градоначалници на Валандово, Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија, се дел од оние од кои претседателот на СДСМ и е задоволен од резултатите во изминатите четири години.

Слични содржини