Заев: Наскоро ќе објавиме имиња уште на 35 кандидати за градоначалници

од desk4

СДСМ ќе донесе одлуки уште за 35 кандидати за градоначалници, меѓу нив и за  Куманово, Струмица, Охрид, Битола.  Во десет општини нема да имаме кандидати туку ќе ги  поддржиме предлозите на партнерите во коалицијата, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев за Сител тв.

– Граѓаните се свесни за сите наши слабости, но и за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација со останатите кандидати од сите други понуди. Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните, но верувам во победата и дека кормилото треба да остане кај СДСМ заради сите наши досегашни политики. Во победата верувам заради најдобрите кандидати, најшироката коалиција, најдобрите програми и зашто водиме на анкетите. Мене ми е важно да ги мотивирам, да испорачам најдобра понуда. Направивме преку 80 анкети за тоа што е најважно во секоја општина, за што нашиот наод дава предност… Големите четири партии имаме буџет од државата за истражување, за да ги најдеме најдобрите советници и градоначалници за да донесеме одлука, рече Заев вечерва во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Во првиот круг од изборите Заев очекува убедлива победа во 30 општини и во град Скопје односно во половина од местата каде што конкурираат директно со нивниот опонент.

 

Слични содржини