Заев: Расте просечната плата во континуитет

од Берта Китинска

Расте просечната плата во континуитет. Во јуни 2021 година, изнесувала 28.744 денари и таа е поголема во однос на јуни 2020 година за 7%, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

-Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 %); Уметност, забава и рекреација (20,5 %) и Информации и комуникации (14,1 %).Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700 денари.
Континуираниот раст на платите, меѓу другото, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.Владата останува посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша Заев.

Слични содржини