Заев: Сакам да им дадам шанса на разговорите со Бугарија

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев, вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека шефовите на дипломатиите на двете земји разговарале за нов договор, по примерот на договорот од Преспа, ја оцени како неодговорна и дополни дека сака да им даде шанса на разговорите со Бугарија.

„Не знам на што мисли Мицкоски, но ние имаме разговори, тие се дел и пишани материјали. Јас не би ги коментирал изјавите на Мицкоски, затоа што сѐ што видовме од него е едно неодговорно однесување. Ние сме одговорни, сакаме договори, сакаме земјата да ни оди напред и верувам дека даваме максимални напори, позитивни аспирации, внимание и пријателство, за да ги постигнеме договорите и, секако, она што е најважно за нас, да ги заштитиме нашите интереси, но водејќи грижа и за интересите на бугарската страна“, изјави Заев.

Тој посочи дека, ако се продолжи со вакви предлози, постои можност и да не почне првата меѓувладина конференција (која се очекува до крајот на годината н.з.). Но, како што нагласи Заев, тоа сигурно не е интерес ниту на бугарскиот народ ниту на премиерот Бојков Борисов, но и на бугарскиот претседател Румен Радев.

Слични содржини