Заев за пописот: Јас молев да биде крајот на мај, опозицијата побара одложување

од Берта Китинска

Пописот  ќе се одржи, без разлика на се што ќе се случува во однос на епидемиолошката состојба во државава со корона вирусот, кажа премиерот Зоран Заев.

„Сигурен сум и никако поинаку не треба да размислуваме. Јас молев да биде крајот на мај, почеток на јуни. Опозицијата побара одложување на пописот. Еве го септември. Бројките се над 1.000. Како наближува почетокот на пописот се пополнува бројот на попишувачи. Апелирам до граѓаните да се пријават. Помеѓу 25.000 и 40.000 денари се приходите за анкетарите кои ќе ја спроведуваат статистичката операција“, рече Заев.

Слични содржини