Захариева: Бугарија се спротивставува на разделувањето на Албанија и С. Македонија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski

„Бугарија е против разделувањето на Албанија и С. Македонија во разговорите за членство во ЕУ“,  изјавила бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по нејзината средба со вршителот на должноста министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Чакај, известува БГНЕС.

Захариева истакнала дека бугарското малцинство во Албанија е богатство и уште една можност што Бугарија може да ја искористи за поддршка на Албанија. Таа изразила подготвеност да го поддржи изучувањето на бугарскиот јазик од нивното малцинство преку наставници и наставни материјали, додала Захариева.

Таа посочила дека и покрај пандемијата на коронавирус трговијата меѓу Албанија и Бугарија е зголемена. Во оваа насока, со цел дополнително зајакнување на економските односи, ќе се одржи состанок на Заедничката бугарско-албанска комисија. Захариева исто така соопштила дека врската меѓу двете земји е од најголема важност и се разгледува обновување на воздушната линија меѓу Софија и Тирана.

Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспорот, економијата и туризмот.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција го означи почетокот на активностите поврзани со заедничкото ко-претседавање со Берлинскиот процес на Македонија и Бугарија.

„Заедничкото копретседавање со Република Бугарија, остава можност да ја демонстрираме блискоста, соработката и меѓусебната поддршка на двата соседи, како клучен дел од аспирацијата за европската перспектива на целиот регион. Влогот ни е голем, резултатите и успехот на иницијативите од Берлинскиот процес се заедничка определба, имаме иста цел, а тоа е зајакната регионална кохезија и изградба на мостови на соработка. Овие последните знам дека многу често ги спомнувам, но дипломатијата ја има токму таа улога, да поврзува и обединува. Тоа е основната цел на Берлинскиот процес, и тоа во моментов ни е најпотребно“, заклучи Османи.

Османи информираше и за неодманешната посета на Софија кадешто покрај останатите теми кои беа разговарани со неговата колешка, Екатерина Захариева, значаен дел од разговорот беше посветен на предизвиците и активностите во рамките на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и претстојниот Софиски самит.

Слични содржини