Захарова: Доколку Србија сака, а членките на БРИКС немаат ништо против, може веднаш да стане рамноправна членка на асоцијацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку Србија има желба, а членките на БРИКС немаат ништо против, може веднаш да стане рамноправна членка на оваа асоцијација, порача Марија Захарова, портпаролка на МНР на Русија, и додаде дека таа одлука зависи исклучиво од Белград и српскиот народ.

„Ние не сме господари на БРИКС. Обединети сме на рамноправна основа и така ги донесуваме одлуките“, додава портпаролката на руското МНР, која говореше на темата „Современи меѓународни односи – поглед од Русија“.

Слични содржини