Зеленски: Добивме сериозна понуда од сојузниците за испраќање авиони Ф-16

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека добил „сериозна, моќна“ понуда од западните сојузници за испраќање борбени авиони Ф-16 во Киев.

Зеленски изјави и дека чека конечен договор со клучните сојузници, пренесува „Ројтерс“.

„Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни. Веќе добив разбирање за бројот од некои наши европски партнери. Тоа е сериозна, силна понуда. Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и заеднички договор со САД“, наведе Зеленски на својата веб-страница.

Слични содржини