Зеленски најави борба против земјите кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе започне „јавна борба“ со земјите кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.

„За жал, низ целиот свет и на европскиот континент има земји кои помагаат да се заобиколат (антируските) санкции. Мислам дека ќе почнам јавно да се борам против оние кои овозможуваат заобиколување на овие санкции“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со естонскиот претседател Алар Карис во Киев, пренесува РИА Новости.

Во исто време, Зеленски смета дека е парадоксално што додека некои земји се обидуваат да го зголемат производството на противвоздушни ракети за Киев, други всушност ѝ помагаат на Москва.

Слични содржини