Земјоделците категорични: Пазарот нема да поскапи поради одмрзнување на цените

од Vladimir Zorba

За земјоделците, одлуката за одмрзнување на цените нема да има какви било ефекти врз  конечните математики. Тоа значи дека потрошувачите не само што нема да се соочат со ценовен шок, туку во актуелните услови може да дојде и до понатамошно намалување на цените на одредени земјоделски култури како што се доматот,  пиперките и краставиците.

Цените на пазарите ќе зависат пред се од понудата и потрошувачката. Следејќи што се случува на терен, имаме намалени засадени површини  и намалени количини производи како домати и краставици, цената ќе биде меѓу 60-80 ден.во текот на целиот циклус на производство’’, вели за „Локално“, Ристо Велков, претседател на  Сојузот на синдикатите на земјоделски производители од струмичкиот регион.

Ристо Велков

Ристо Велков

Категоричен е дека мерката со која претходно беа замрзнати цените на  земјоделските производи е погрешна, бидејки се  реализирала  во периодот кога градинарите имале производство кое е со  доста висока цена на чинење.

Тие прозводи (како доматот и краставицата), според Велков,  тогаш ја имале цената на производството, која одговара на нивната вредност. Во оваа насока потсетува дека треба да се  земе предвид можноста од увоз на овие производи од соседството како и условите во кој земјоделецот произведува последниве години, односно зголемените цени за репроматеријали, намалувањето на работна рака, како и фактот дека   континуирано се намалуваат засадените површини земја со што се  намалуваат  приносите по единица површина.

Велков алармира дека она што всушност треба сите да не загрижи е дека поради претстојните климатски промени неколкукратно  ќе се намалува производството. Актуелните временски услови се само уште една потврда на ова предупредување.

Земјоделците едвај се справуваат со проблемите кои ги носат временските услови. Со стабилизирање на времето и покачување на температурата од една страна, и влагата што ја направија дождовите,од друга,  ќе се појават болести и штетници“, вели Велков.

Идентичен став во однос на предизвиците со коишто се соочуваат земјоделците има и Љубе Пампулевски, Претседател на Потсекторска овошје. Според него, одмрзнувањето  на цените е само  враќање на природниот тек на движење на цените кои се формираат пазарно според моделот на  понуда и побарувачка.

Цените на чинење во производството на дадено овошје или производната цена на истото е основата врз која треба да се формира крајната цена, за истите производи да ги имате на долг временски период“, вели Пампулевски за „Локално“.

Љубе Пампулевски

Љубе Пампулевски

Во оваа насока, ја посочува и потребата да се земат предвид повисоките производни цени кај сите овошја како резултат на современиот и напреден начин на производство во услови на отежнати и изменети климатски услови. Сето ова како што посочува, резултира со варијабилност на производствените цени од година во година, а со тоа и променливи крајни цени на пазарите. Оттука, како неизбежен го посочува  трендот на поскапување на овошјата, како во светот, така и кај нас.

Преспанскиот регион како најовоштарски каде доминира одгледувањето на јаболка е подеднакво погоден како и останатите од климатските промени и глобалното затоплување и се очекува пад во производството како дирекна последица на несоодветни климатски услови, бидејќи  иако е веќе јуни температурите не надминуваат  18°Ц што е под очекувањата за овој период од годината., вели Пампулевски.

Смирува дека сепак, оваа сезона домашните зелени пазари ќе имаат доволно овошје и тоа по цени слични или за 20%-30% поголеми од досегашните . Увозот на овошје според него е можен само во услови на домашен недостиг на одредено овошје ,но секогаш по цена повисока од домашната која може да надминува и 50% разлика 

К.В.С.

Слични содржини