Жена се соблече гола и почна да пука кон автомобили: Хаос на автопат во Лос Анџелес (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Американската полиција уапсила гола жена во вторникот попладне откако излегла од својот автомобил и почнала случајно да пука во автомобили на автопат во Лос Анџелес.

Официјалните лица соопштиле дека добиле повик во 16:40 часот за вооружен и арогантен возач кој се движи кон исток на автопатот.

Пред полицајците да пристигнат на местото, жената го запрела возилото и излегла со нож, соопштила тамошната полиција. Таа им викала на возачите кои биле близина, се вратила во својот автомобил и продолжила по својот пат.

Додека поминувала покрај наплатната рампа, таа повторно застанала среде сообраќај и излегла од автомобилот целосно гола, како што се гледа на снимката.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат дека жената пука од пиштол додека не остане без муниција.

Полициските службеници информирале дека нема извештаи за повредени, но не дале повеќе информации за евентуална штета врз некое возило.

Жената била уапсена без инцидент откако го спуштила пиштолот, по што била пренесена во локалната болница на медицинска и психијатриска проценка.

 

Слични содржини