Жените родени во овие 4 хороскопски знаци секогаш „паѓаат“ на погрешни мажи, а еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Некои припаднички на понежниот пол се сонувачи и во луѓето го гледаат само доброто, па пропуштаат некои карактерни црти кои се важни за да формираат вистинска слика за својот партнер.

Овен
Жените родени во знакот Овен се смели, полни со авантуристички дух и ги привлекува возбудата што ја носи секојдневието. Меѓутоа, овој бестрашен пристап кон животот понекогаш може да ги одведе во прегратките на маж кој не бара исто ниво на посветеност.

Овните често поради нивната импулсивна природа не ги гледаат предупредувачките знаци, па пред да го сфатат тоа се наоѓаат во лоша љубовна врска која всушност не е компатибилна со нивните долгорочни планови и цели.

Близнаци
Жените родени во овој знак се познати по својата брзина, шарм и друштвена природа. Иако овие квалитети ги прават магнети за спротивниот пол, тие можат да ги доведат и до мажи кои можеби не се искрени во своите намери.

Двојната природа на Близнаците може да создаде борба помеѓу желбата за длабока емотивна врска и површната привлечност. Ова е причината зошто тие често се наоѓаат во врски на кои им недостасува длабочината што навистина ја бараат.

Вага
Жените Ваги се вистински романтичари, секогаш бараат совршена љубовна приказна. Сепак, оваа потрага по идеализирана романса може да ги натера да ги игнорираат предупредувачките знаци и да бидат со мажи кои не се на истото емотивно ниво како нив.

Вагите имаат вродена желба за хармонија, а тоа понекогаш може да ги заслепи толку многу што не гледаат дека  новиот партнер не покажува исто ниво на посветеност. Сето ова на крајот доведува до незадоволство бидејќи врската не е хармонична.

Риби
Жените Риби се сонувачи кои често го гледаат најдоброто во луѓето. Иако оваа особина е симпатична и добра, може да ги наведе да се вљубат во погрешн партнер.

Нивната сочувствителна природа ги наведува да останат во врски подолго отколку што треба, дури и кога гледаат јасни знаци на некомпатибилност. Емоционалната длабочина на Рибите понекогаш ќе го замати нивното расудување за потенцијалниот партнер и неговиот карактер.

Слични содржини