Жешка седница на ЦП на ДУИ- Мнозинството контра Ахмети или само партиски спин !?

од Vladimir Zorba

Седницата на централното претседателство на ДУИ околу дефинирање на точките за отпочнување на преговори за составување нова влада, според извори на Либертас од партијата, поминала во жешка полемика помеѓу двата табора – про и контра повторно коалиција со Груевски. Од ДУИ пак велат се били мазно и не се точни ваквите тврдења.

Лидерот на партијата Али Ахмети, според Либертас, повеќе бил за уште едно коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за разлика од мнозинството кои биле против. Во расправијата дебатирале дали и што би добиле ако повторно одат со Груевски, а од другиот табор аргументирале дека еднаш електоратот на последните парламентарни избори ги казнил и дека следниот пат особено по изборната кампања на Груевски и неговите интервјуа деновиве, заслужено ќе ги казни повеќе.

 Додека другите се жестеле во расправата ,Муса Џафери решил да молчи и да не се изјаснува дали е за коалиција со ВМРО ДПМНЕ или со СДСМ.

Сепак поголемиот дел од членовите на централното претседателство на ДУИ не се согласувале со ставот на лидерот и ја надгласале неговата желба повеќе простор за договор за нова влада да му дадат на Груевски, објави Либертас

Оваа информација поите веднаш потоа да ја демантираат од кабинетот на Ахмети , ама не и од целата партија ДУИ.

Соопштение ви го пренесуваме во целост;

Кабинетот на Претседателот на Демократската Унија за Интеграција најостро ја демантира грубата шпекулација и измислотица на порталот Либертас во врска со вечерашниот состанок на Централното Претседателство на ДУИ во Тетово. (http://www.libertas.mk/zheshka-sednitsa-na-tsp-na-dui-mnozinstvoto-kontra-ahmeti-neziri-i-grubi)

Состанокот на ЦП на ДУИ помина во конструктивна и колегијална атмосфера, отворена и конструктивна дебата и детална анализа за состојбата во земјата. Г. Беким Незири не е член на Претседателството на ДУИ и не беше ниту присатен на состанокот, додека Пратеникот Артан Груби воопшто не зема збор на вечерашниот состанок, а уште помалку имаше жешка полемика помеѓу некои измислени и непостоечки два табора во ДУИ од страна на порталот.

Лажни вести во врска со ставовите на ДУИ се зачестена појава во повеќе координирани портали на Албански и Македонски јазик и затоа ги повикуваме медиумите да се држат до коректно известување и да бараат став од страна на овластени претставници на ДУИ во врска со сите нивни дилеми.

Заклучоците од ЦП на ДУИ беа едногласно усвоени и потоа пренесени до сите медиуми.

ДУИ НЕМА ПРЕФЕРИРАН ПАРТНЕР ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК

ДУИ нема префериран партнер во македонскиот политички блок, соопшти партијата, додавајќи дека интересот за одржување на стабилност на државата го става над партиските интереси и калкулации.

ДУИ ги повтори условите кои според нив, не можат да бидат предмет на преговарање, а тоа се рамноправна употреба на службениот албански јазик, интеграција во НАТО и Европската Унија и продолжување на мандатот на Специјалното Јавно Обвинителство со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Слични содржини