Ако треба да дефинираме што точно значи“безнадежен романтичар”, тоа треба да е човек кој е “заљубен во љубовта”. Тој верува во големата љубов и ja обожава романтиката, како и љубовните приказни. Безнадежниот романтичар има имагинативна и е страсна природа.46b844dd1231b3ee699680af471a9f06

Најдобро сепак можете да ја разликувате оваа личност, ако ги прочитате знаците кои ја опишуваат најдобро:

Безнадежниот романтичар мисли дека сè значи нешто

Тој гледа “знаци” насекаде околу себе. Ако си мисли за одредена личност и во истата минута тој му пише /се јави, романтиката веднаш ќе заклучи дека “така требало да биде” и ќе се обиде да открие скриена љубовен смисла во секое нешто.

Пријателите на безнадежниот романтичар го сметаат за “луд”

Обично, бидејќи тој смета дека ја нашол големата љубов само по една или две средби со нов потенцијален партнер. А тоа е нешто што тешко може да се разбере за толку кратко време. Безнадежниот романтик сака секогаш да вложува надеж.

Чувствата на безнадежниот романтичар можат да бидат повредени лесно

За него секое мало занемарување е повод за голема драма. Романтичарот сака внимание и љубов во скоро цело време и се чувствува исклучително лошо кога не ги прима. И иако неговите чувства се повредени лесно, тој не губи вера во љубовта.

Безнадежниот романтичар ја наоѓа големата љубов во секој свој партнер

Се сеќавате на Шарлот од “Сексот и градот”? Таа е пример за романтичар, кој е во постојана потрага на љубовта. Таа смета дека секој нареден маж во животот е оној со кого ѝ е пишано да го помине целиот живот. Па, во даден момент навистина се покажа дека е во право.

Безнадежниот романтичар мисли многу за минатите врски

Од една страна со чувство на носталгија за сѐ уште не целосно угаснатата љубов, од друга – зашто сака да е сигурен дека нема да ги дозволи повторно истите грешки и неуспеси. За романтикот секоја врска, дури и пропаднатата, е искуство и усовршување на личноста, благодарение на кои полесно ќе го сретне вистинскиот партнер.

Безнадежните романтичари сакаат да слушаат љубовни приказни

Дури обожаваат. Како и да разгледуваат свадбени фотографии, да слушаат за свршувачки и секакви среќни настани поврзани со големата и вечна љубов.

Слични содржини