10 научни митови кои немаат врска со вистината- Со години не уверуваат во потполни глупости!

од Vladimir Zorba

Време е да ги запреме митовите во кои човештвото верува веќе со столетија. Ова се само некои од нив…

1Храната која паднала на под е сигурна да се изеде 5 секунди по паѓањето

Колку пати во животот ви се случило да ви падне омиленото колаче на подот. Признајте, сте се фатиле во размислување да го подигнете, малку да го дувнете и да го пикнете во уста. Ппоред некои , наводно научни истражувања , храната која паднала на под е сигурна да се изеде 5 секунди по пажањето.

Но тоа е всушност обична глупост, или да бидеме малку поблаги-мит. Мактериите можат да ја заразат хранат која паднала на подот за неколку милисекунди. Истражувањата покажуваат дека влажната храна привлекува повеќе бактерии од сувата, но не постои никаква „временска блокада„ која ја штити. Наместо тоа, сигурноста на храната зависи од тоа колку ви е подот чист. Но доколку подот на кој паднало е оној по кој одат стотина луѓе, особено ако се работи за тротоарот на градските улици, секако дека препорачуваме колачето да го фрлите во ѓубре.2 Од чоколадо добивате акни

Неточно. Истражувачите месец дена им давале чоколатца  на десетина испитаници во кои имало 10 пати повеќе чоколадо отколку во обичните , а на другите им давале лажни чоколатца. Кога ги изброиле акните, немало никакви разлики меѓу двете групи. Како што покажало истражувањето , чоколадото не влијаело на развивањето на акни кај испитаниците.

3.Јаболко дневно го држи докторот подалеку од нас

Јаболките се полни со витамин С и со влакна , состојки кои се витални за долгорочно здравје, но далеку од тоа дека се единственото нешто што ви треба. Доколку во вашиот организам влезе вирус или бактерија, јаболката нема да стори ништода ве заштити.

  1. Млекото ви чини добро

Американското министерство за земјоделие ги уверува американските граѓани дека возрасен човек треба да пие три шолји млеко дневно, повечето поради калциумот и витаминот Д . Но, повеќекратните студии покажале дека не постои никаква врска помеѓу конзумирарењто поголема количина млеко (или земањето суплементи на калциум и витамин Д) и намалениот број на скршеници на коските. Дури, некои студии ја покажале поврзаноста со поголем број на вкупната смртност.Иако тоа не значи дека е одговорна зголемената потрошувачка на млеко, научниците не ја отфрлаат во потполност корелацијата.

5. Сладоледот ќе ви ја влоши настинката

Колку пати во детството родителите ве уверувале дека не смеете да јадете сладолед додека сте настинати бидејќи болеста дополнително ќе ви се влоши? Ете, научниците од познатата клиника Мајо докажале дека сопствените мајка и татко со години ве лажеле. Ако сте настинати, слободно можете да изедете сладолед, баш ништо нема да се случи.Дури, докторите тврдат дека смрзнатите млечни производи можат да ја ублажат болката во грлото, а самиот сладолед на организмот ќе му осигури калории кои поради сеопштата слабост болниот можеби не би ја внел поради недостатокот од апетит.

 

6.Кучињата и мачките не разликуваат бои

Вистината е всушност потполно поинаква. Кучињата  и мачките разликуваат бои далеку подобро отколку што го мислиме тоа. И кучињата и мачките го гледаат светот во сина и зелена боја. Нијансите на црвена и розева боја мачките ги гледаат во зелен спектар, додека виолетовата боја повеќе наликува на нијансите на сината.

7.Ајкулите ја чувствуваат крвта на километри

Типичен пример на претерување. Ако се раскрварите во морето, не грижете се. Ајкулите нема да ве намирисаат на километри далечина. Истражувањата покажале дека ајкулите можат да ја осетат капката крв во количина на вода еднаква на олимписки базен. Но океанот е далеку, далеку поголем од олимпискиот базен . Ако споменатиот размер го примениме на океанот, јасно е дека реалната оддалеченост е далеку помала.

 

  1. Лилјаците се потполно слепи

Не е вистина, изразот „Слеп како лилјак„ не соодветствува на стварноста. Иако многумина од нив ја користат ехолокацијата за навигација, а не видот, сите имаат потполно функционални очи.

 

  1. Кинескиот ѕид е единствената градба видлива од вселената

Кинескиот ѕид не е единствената видлива творба од вселената. Се зависи од тоа каде мислите дека вселената започнува. Од меѓународната вселенска станица на височина од четиристотини километри, јасно е видлив Ѕидот, но и бројни други градби. Од месечината не може да се види ниедна структура , освен придушената светлост на големите градови.

  1. Монт Еверест не е највисока планина на Земјата

Ако ја гледаме само надморската височина , тогаш Монт еверест секако е највисок. Но ако гледаме која планина е највисока тргнувајќи од нејзиното подножје па се до врвот, без оглед дали се наоѓа на копно или во море-тогаш највисока планина на светот се хавајските острови и нејзиниот вулкан Мауна Кеа. Додека Монт Еверест е висок 8848 метри, Мауна Кеа се издигнува преку 10.000 метри од дното на Тихиот океан./СВ

 

 

Слични содржини