25 години АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА

од desk4

 

„Оваа година е исклучително значајна за нас како концертно промотерска компанија, која е најзаслужна за концертниот живот во Македонија“ рекоа авалонци на   прес конференција.

Авалон Продукција оваа година има важен јубилеј 25 години од нејзиното постоење.

„Во рамките на јубилејната, подготвивме исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена. Концертната сезона ја стартувавме кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на ТОТО, во април со концертот на Јосипа Лисац, а она што следи во периодов се овие концертни настани:

  • Ѓорѓе Балашевиќ- 19.05.2018, ВИП Арена- Скопје
  • Владо Јаневски- 01.06.2018, АРМ Стадион- Скопје

 SKOPJE CALLING FESTIVAL:

  • ALAN WALKER- 02.06.2018, АРМ Стадион- Скопје
  • SISTER BLISS FAITHLESS DJ SET- 03.06.2018, АРМ Стадион- Скопје
  • AXWELL & INGROSSO- 21.06.2018, АРМ Стадион- Скопје
  • MORCHEEBA- 22.06.2018, АРМ Стадион- Скопје
  • TEXAS/DARKO RUNDEK- 23.06.2018, АРМ Стадион- Скопје

 OHRID CALLING FESTIVAL

  • DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE- 08.2018, стадион Билјанини извори- Охрид
  • JAX JONES- 02.08.2018, стадион Билјанини извори- Охрид
  • ARMIN VAN BUUREN- 04.08.2018, стадион Билјанини извори- Охрид
  • BRYAN FERRY- 09.09.2018, Maкедонска филхармонија- Скопје
  • 2 CELLOS- 06.10.2018, ВИП Арена- Скопје
  • JETHRO TULL- 13.10.2018, Загреб (TBC)
  • JETHRO TULL- 14.10.2018, Сава Центар- Белград
  • JETHRO TULL- 16.10.2018, СРЦ Кале- Скопје
  • JETHRO TULL- 17.10.2018, НДК- Софија
  • BRIT FLOYD- 14.11.2018, ВИП Арена- Скопје

и уште многу други кои ќе ги најавиме во следниот период“ соопштија денеска.

Авалон Продукција е промотерска куќа чии основни дејности се музичко издаваштво и организација на концерти, музички фестивали и други слични настани. Основана во Скопје 1993 година, Авалон Продукција е една од најуспешните во музичката индустрија на територијата на целиот Балкан.

Во дваесет и пет децении постоење, Авалон Продукција има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи но и странски лиценцирани изданија. Меѓу изведувачите кои своите албуми ги објавиле за Авалон, се „Леб и Сол“, Тоше Проески, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, „Мизар“ и многу други. Сепак, доминантна дејност на Авалон од 2000 година до денес е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа. Во десет годишната работа со најистакнатите светски букинг агенции, Авалон денес ужива статус на прв купувач за територијата на Македонија и Србија, и тоа кај најголемите агенти во светската музичка индустрија.

За работата на Авалон Продукција повеќе пати известувале и стручни магазини од врвот на музичкиот бизнис како британските Pollstar, The Audience и други. Во прилог на тоа, а можеби и најверодостоен податок е дека Авалон Продукција во изминатите осум години организирала настапи на повеќе од 300 светски и регионални изведувачи за публика од преку 700.000 посетители во четири земји од регионот.

Авалон Продукција користи некои од највисоките стандарди во реализацијата на настаните. Соработката со сите најголеми рентал компании од регионот е најдобра препорака за финален квалитет на доживувањето кое во фокусот го има публиката и бизнис соработниците. Во изминативе години, реализиравме концерти и фестивали на практично сите најголеми и продукциски предизвикувачки локации во Македонија и Србија како што се Арената Филип Втори, Скопското Кале, стадионот Билјанини Извори во Охрид како и Ушче, Калемегдан во Србија каде секогаш имаме одлична соработка со надлежните институции, запазуваќи ги сите актуелни светски стандарди и домашни прописи.

Покрај отворените простори, реализиравме и бројни настани во затворени сали како спортскиот центар Борис Трајковски, Метрополис Арена, Универзална Сала како и Хала Спортова, Експо центар и Белградска Арена. Повеќе стотини странски и регионални изведувачи настапиле на настаните во реализација на Авалон Продукција во изминативе дваесет и пет години континуирана работа на пазарот на целиот Балкан.

Концерти, фестивали и регионални турнеи запишаа навистина голема листа на препознатливи имиња во историјатот на нашата продукциска куќа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични содржини