Започна средбата на работните групи потписнички на Договорот од Пржино на која треба да се одлучи за гласањето на дијаспората и за изборот и надлежностите на Државната изборна комисија.

На средбата освен олеснувачот Питер ван Хојте присуствуваат Илија Димовски и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Илиева од СДСМ, Артан Груби и Фатмир Бесими од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА.

12000044_1162063187156515_677384049_n

Заедничата средба следува по билатералните договори на партиите со Ван Хојте во текот на денот.

Преговарачите на дадоа изјави на влегувањето во Клубот на пратениците.

По три дена пауза ова е прва средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Oлеснувачот Ван Хојте на средбата треба да достави нацрт-предлог на изборниот закон.

„Мета“ дознава дека договорен е само изборот и начинот на одлучување на државната изборна комисија, додека сè уште е спорно гласањето на дијаспората. Од решавањето на тоа прашање ќе зависи и начинот на гласање на следните парламентарни избори, односно дали тој ќе биде по мнознински или по пропорционален модел.

И по синоќешното интервју на премиерот Никола Груевски на телевизија „Сител“, сè уште не е познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори. Груевски рече дека не е фер да се поставуваат услови со квоти за гласачите од дијаспората кои минуваат поголеми далечини за да гласаат.

СДСМ, пак, е за гласање на дијаспората, но нивниот глас да биде еднаков со гласот на граѓаните во Македонија.

 

META

Слични содржини