Ахмети и Заев со слични политички агенди го намалиле јазот

од desk2

Ахмети и Заев потврдија дека го намалиле јазот во разликите меѓу нивните политички агенди, но повторно за некои прашања, работните групи повторно може да седнат на заедничка маса со експерти од двете партии. ДУИ и СДСМ се согласија за Специјалното обвинителство како и за курсот на земјата кон процесот за евроинтеграции, а нагласија дека имаа симболични разлики во врска со јазикот.Ахмети меѓу редови рече дека би сакал албанскиот јазик да го има вистинскиот статус како службен јазик, информира Алсат М.

„Во моментов не станува збор за правење коалиција. Целата средба беше разгледувајќи од каде се суштинските разлики меѓу двете партии. Јазикот треба да има статус каков што му треба, како официјален во оваа земја… Сè се разгледува во детали за да нема впечаток дека се брза при работењето. За деталите ќе се донесат политички ориентации кои произлегуваат од состанокот на експерти од областа на правосудството каде партиите имаат разлики. Во согласност со ситуацијата ќе се и направи повикот за органите на партијата. Се разбира дека ќе зависи од сите аргументи за решение затоа што ова не се лесни прашања за да се донесе одлука.“ – изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ

Лидерот на СДСМ, прашан од Алсат изјави дека партиите се договориле за прашањето на економската еднаквост, една од точките и од платформата на албанските партии. За првпат се објави дека се размислува да се формира контролен механизам за распределба на буџетот пред неговото одобрување. Оваа институција би ставила крај на евентуални финансиски и етнички манипулации.

Контролниот орган за буџетските пари, според Заев, би го формирал Владата, но партиите не објаснија дали се согласиле за неговиот состав и функционирање, за правната рамка, како и неговото усогласување со другите институции./извор Алсат М

Слични содржини