Беса нема покана за учество во Владата и нема дa учествува во работата на Комисијата за европски прашања

од desk2

Teaтарот на собраниската Комисија за европски прашања продолжува, а ние немаме намера да учествуваме во таква дебата, изјави денеска пратеникот на Беса Фадиљ Зендели за нивното неучество на денешната дебата за предлог законот за јазиците.

 


Вчера пратеничката група на Беса ја напушти седницата на Комисијата за европски прашања, откако претседателот Артан Груби од ДУИ, не им даде збор за време на расправата.

„Тие вчера покажаа каков став имаат, ние имаме поинакви ставови од нивните. Ние сакаме да се прифатат нашите амандмани. Ние имаме два амандмана, со цел официјализирање на албанскиот јазик во институциите. Вчера од ДУИ беше одбиен амандманот за промена на името на предлог-законот. Нема да учествуваме во дебата на реплики и контра-реплики”, рече Зендели.

Зендели рече дека БЕСА засега нема покана да биде дел од владеачката коалиција.

Слични содржини