Бугарите на протести против загадениот воздух

од desk2

Жителите на Бургас се побунија против загадувањето на воздухот. Десетици излегоа во приморскиот град на мирен протест, со слогани и кислородни маски, во знак на незадоволство против загадувањето на воздухот, јави БГНЕС.

Демонстрантите посочија неколку индустриски објекти за кои веруваат дека се најголеми загадувачи на воздухот во Бургас.

„Загадувањето нè чини премногу скапо. Децата се болни, отсуствуваат од училиштата, родителите отсуствуваат од работа за да се грижат за нив“, изјави за БГНЕС, Наталија Николова, жителка на Бургас.

Демонстрантите инсистираат на построга контрола врз одговорните институции и набавка на мерачи за периодично мерење на квалитетот на воздухот. Тие бараат и транспарентност и информации од надлежните институции за колку е зголемен бројот на луѓе од земјата што страдаат од белодробни и респираторни проблеми.

Вакви демонстрации пред неполн месец се одржаа и во Софија, каде што граѓаните на главниот град на Бугарија побараа од градските власти да спроведат ригорозна контрола над загадувачите, да постават мерни пунктови и да ги санкционираат прекршителите.

Бугарија се наоѓа на првото место на земјите во Европа со најголема смртност поради загадувањето на воздухот.

Слични содржини