Булдог бил принуден од поранешните сопственици да пие вино и да пуши марихуана. Најпосле несреќниот најдобар пријател на човекот бил ослободен од пороците, откако пријател на животните го однел во спасувачки центар во Ливерпул.l-Bulldog(1)

Деветмесечниот Марли бил повреден и однадвор – неговите поранешни сопственици очигледно го повредувале со нешто, бидејќи на места по градите крзното му е изгорено. Сега тој се враќа во спасувачкиот центар “Фрешфиилдс” и се очекува да биде посвоен. Според Деби Хјуз, која е задолжена за прибирање на средства за “Фрешфилдс”, изгледало дека Марли им простил на човечките суштества она што му го направиле, иако преживувал ужаси.

Марли бил пренесен во центарот пред една недела од својот спасител, кој очигледно го спасил од смрт.

Сега булдогот очекува да го избере за посвојување некој нормален сопственик. Од “Фрешфилдс” изразуваат преференции кон луѓе кои поминуваат поголем дел од денот дома и се надеваат во домот дека има и деца кои ќеси играат со кучето.

Слични содржини