Денеска дел од имамите во Скопското муфтиство на прес-конференција му дадоа поддршка на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

4229mala

„ Тука сме за да демонстрираме единство како имами, за да им ставиме до знаење на сите дека не дозволуваме раздор меѓу муслиманите во Скопје и ги осудуваме сите чинови на насилство. Ве известуваме дека цврсто стоиме зад одлуките на Ријасетот на ИВЗ и на Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и го почитуваме Уставот на ИВЗ и сите нејзини нормативни акти. Секој обид кој е во спротивност со Уставот на ИВЗ и највисокиот орган Ријасетот за нас е неприфатлив“, вели Невзат Ахмети, имам во џамијата во Кондово.

По прес-конференцијата на имамите преку соопштение се огласија од „Привременото раководство на ИВЗ“.

„По истекувањето на мандатот на досегашниот Реис, Сулејман Реџепи, во септември 2011 година, неговите овластувања на оваа функција, според Уставот, се завршени. Сулејман Реџепи не ги изврши неговите обврски за што избран, неговиот ангажман како Реис беше спротивно на исламските норми и начела уште од моментот кога го забрани изборот на нов Реис на ИВЗ“, информираат од привременото раководство на ИВЗ.

Слични содржини