По 15 часа преговори, работните групи, потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за изборните закони, дознава „Мета“.

Договорен е изборот и начинот на гласање во ДИК, гласањето на дијаспората и прочистување на избирачкиот список.

klub_na_pratenici_INFOMAKS

Членовите на ДИК ќе се избираат по формулата 3+3+3, што значи по тројца претставници од власта и опозицијата и тројца експерти кои ќе се бираат во Собранието. Одлуките ќе се носат со апсолутно мнозинство.

Дијаспората ќе гласа во една изборна единица, со пропорционален модел, а ќе се бираат тројца пратеници.

Избирачкиот список ќе се прочистува комбинирано-теренски и со вкрстување на податоците од институциите.

Се очекува утре законот да влезе во собраниска процедура.

 

META

Слични содржини