DW: Берлин- клучна станица на патот до решение на спорот за името?

од desk4

Медиумите во Македонија и во Грција тежиштето на денешната средбата Меркел -Заев го ставаат главно во контекст на актуелните разговори меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името

Вниманието на македонската и грчката јавност денеска е вперено кон Берлин, каде денеска македонскиот премиер Зоран Заев е во официјална посета, а покрај средбата со канцеларката Ангела Меркел, ќе се сретне и со германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер, информира DW.

Грчките медиуми го најавуваат терминот на заедничката прес-конференција на Меркел и Заев, во очекување на изјавите и пораките што ќе произлезат од неа. Тие потсетуваат дека првата средба на Заев со германската канцеларка се реализирала во јули минатата година, на маргините од самитот на ЕУ и Западен Балкан во Трст.

Иако во агендата на средбата во Берлин се разговори за билатерални и актуелни прашања на европската и регионалната политика, медиумите тежиштето на оваа средба го ставаат главно во контекст на актуелните разговори меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името. Во таа насока го толкуваат и вчерашниот телефонски разговор меѓу Меркел и Ципрас, кој и претходи на посетата на мекедонскиот премиер.

„Двајцата лидери разговараа за начинот на кој се водат преговорите за името на Македонија, провокативните акции на турските воздухопловни сили во Егејското Море и односите помеѓу Европската Унија и Турција“, соопшти Кабинетот на Ципрас.

Дипломати со кои разговараше ДВ се воздржуваат од децидни одговори и велат дека „најклучна е решеноста и одговорноста на Скопје и Атина, но исклучително значајно и добредојдено е секое охрабрување и поддршка на тој процес“.

И во Македонија, и во Грција, овие контакти се толкуваат како јасен сигнал дека постои интерес и силна меѓународна иницијатива спорот за името да резултира со комрпмисно решение, во интерес на добрососедството, регионалната и европската стабилност и безбедност.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини