Експертите порачуваат итен ребаланс на буџетот, Владата вели во септември

од Vladimir Zorba
Наесен ребаланс на Буџетот, најави премиерот Зоран Заев. Посочи дека на денешната прва владина седница од министерот за финансии Драган Тевдовски ќе побара детални информации за состојбата на Буџетот. Дел од економистите порачуваат прекројувањето на држвната каса да се направи порано и да се скратат непродуктивните трошоци.
„Доста доцна се остава ова. Владата ќе навлезе во други зафати без да има јасна претстава како ќе ги тера фискалните политики, дали ќе прави политики кои ќе ги спроведува преку буџет или со буџет ќе ги спроведува фискалните политики. Тоа мора веднаш да го направи за да содзаде можност во тѕаа средновечна рамка, владатада ги корегира тековните економски политики и да ги вметне своите економски политики“ – вели академик Абдулменаф Беџети.
Според Академик Беџети, идните задолжувања на новата Влада треба да бидат исклучиво за капитални проекти, но при тоа да се дефинира кои капитални инвестиции се продуктивнии. Дел од економистите посочуваат дека новиот министер за финансии Тевдовски го чека тешка задача особено во делот на финансиската консолидација и намалување на јавниот долг.
„Се бараат неколку варијанти, прво зголемување на приходите во буџетот, намалување на расходите и да се подолжи извесен период со задолжувања.“ – вели Павле Гацов.
Новата Влада наследува јавен долг од 4,7 милијарди евра и најгломазен буџет од 3,3 милијарди евра. Најдоцна на почетокот на октомври се очекува новата влада да ја објави скенираната слика за финансиската кондиција е буџетот. Денеска Министерството за финансии исплати 77 милиони евра за мајските пензии, земјоделските субвенции и студентските стипендии./ТВ24

Слични содржини