Ердоган: 54 години Турција чека пред вратите на ЕУ, не лажеа

од desk2

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето на Глобалниот бизнис форум Bloomberg пред присутните рече дека од Ирак преку терористички организации во Сирија каде се води војна, стигнале 3.000 шлепери, тенкови, артилерија, оклопни возила и муниција.

„Сега јас, како Турција, размислувам: кој може да гарантира дека ова тешко вооружување, кое стигна во Сирија, утре нема да биде употребено против мене?“, вели Ердоган.

Тој ја начна темата и за соработката на САД со терористичките организации PYD/PKK.

„Оваа терористичка организација е продолжена рака на терористичката ПКК во Турција. PYD/YPG е терористичка организација со која Америка во операцијата во рака заедно води борба против терористичката организација Исламска држава. Не можам да сфатам како земја која верува во демократијата соработува со една терористичка организација за да уништи друга“, вели Ердоган, пренесува TRT.

На прашањето за процесот за пристапување во Европската унија, потсети дека Турција веќе 54 години чека пред портите на оваа меѓудржавна организација.

„На Турција, всушност, и е наметнато политичко ембарго. Не ни ја кажаа вистината во текот на процесот. Не лажеа. Не пратија помош која ја ветија, нити пак праќаат“, вели Ердоган, додавајќи дека очекува ЕУ да донесе одлука за односите со Турција.

„Нека ни ги затворат вратите и ние лесно ќе донесеме одлука. Не сме ни заинтересирани, да ви кажам, но тие сакаат Турција да избега. Е, не може така, бие никогаш не сме бегале од рингот. Тие нека бидат оние кои бегаат. Нека донесат одлука. Ние лесно ќе ја донесеме нашата“, порача Ердоган.

Коментирајќи го прашањето за референдумот за независност на Курдската регионална управа на северот на Ирак, кој го најавија за 25 септември, а парламентот и владата на Ирак го забрани, порача дека властите на Курдската регионална управа со овој чекор прават грешка.

„По враќањето во Турција на 22 септември, во петок, во Анкара ќе одржиме седница на Советот за национална безбедност на Турција. На седницата ќе донесеме одлука за тоа каков вид санкции ќе воведеме“, рече Ердоган.

Тој се надева дека властите во Курдската регионална управа на северот на Ирак, до 25 септември ќе се откажат од, според Ердоган, погрешната одлука и ќе продолжат со работата како до сега.

Истакна дека Турција е принудена да дојде во посед на противракетниот систем S-400, но можеби и S-500 и S-600 затоа што соседна Сирија, поседува веќе противракетен систем за S-400.

„Овие чекори ги преземаме за да се заштитиме. Постојат чекори кои е потребно да се преземат во врска со балистичките ракети“, нагласи турскиот претседател.

На крај додаде дека во понеделник ќе разговара за случувањата во Сирија со рускиот претседател Владимир Путин.

Ердоган се наоѓа во Њујорк на заседавањето на Генералното собрание на ОН.

Зборови кои не се пронајдени во базата:
PYD, Труција, заседавањето, неѓудржавна, организавии, преземамае,

Слични содржини