Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи утре (29 јуни) телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Ердоган. Тоа ќе биде прв директен контакт помеѓу двајцата по инцидентот од минатиот ноември со рускиот воен авион соборен над Сирија од турски борбен авион.

0697843001417680214_547683_600x458
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека разговорот ќе се одржи “по иницијатива на руската страна”, откако турскиот претседател испрати до Кремљ писмо во кое се извинува за инцидентот. “Со испраќање на писмото на претседателот Ердоган беше направен значаен чекор кон нормализирање на односите”, изјави Песков пред новинарите.
“За неколку дена ќе биде можно да се нормализира сè, но работата во оваа компонента ќе продолжи”, додаде Песков.

Претходно турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави телевизија TRT дека неговата земја е подготвена да и компензира на Русија за оштета за соборениот авион. Подоцна политичарот се откажа од овие зборови, истакнувајќи дека станува збор само за извинување. Односите меѓу двете земји нагло се влошија по инцидентот од 24 ноември, кога турски борбен авион собори во сирискиот воздушен простор рускиот воен авион Су-24.Руската страна ова го оквалификува како “нож во грбот” поради позитивните состојба на билатерални односи пред инцидентот. Претседателот Владимир Путин воведе санкции против Турција поради инцидентот.

Слични содржини