(ФОТО) Вака изгледаше гласачкото ливче на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски како единствен избор

од desk4

Вака изгледаше гласачкото ливче на денешниот вонреден конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој се бираше нов претседател. Делегатите немаа многу избор. Можеа да го заокружат единствениот кандидат Христијан Мицкоски или да го направат ливчето неважечко.

Делегатите на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево го изгласаа Христијан Мицкоски за нов претседател на партијата.

 Од вкупно 438 делегати гласале 428, од кои 376 гласале за Мицкоски, а 52 ливчиња биле неважечки.

Слични содржини