ФОТО: Зошто Кејт Мидлтон ги крши правилата?

од desk2

Единствената гостинка на синоќешното доделување на наградите БАФТА која не носеше црн фустан, беше војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијан, Кејт Мидлтон.

Таа за настанот одбра величествен смарагдно зелен фустан кој и прилега на поодминатата бременост, но на тој начин одби да се приклучи кон кампањата против сексуалното злоставување и полова дискриминација “Time’s Up”.

Беше договорено сите жени да носат црн фустан, но Кејт овојпат не ги поддржа, со што предизвика хајка на социјалните мрежи.

Сепак, зад нејзината одлука стои објаснување. Имено, според кралскиот протокол, членовите на кралското семејство на никаков начин не смеат да ги изнесуваат своите политички ставови во јавноста, па и да се работи за облекување црн фустан.

Слични содржини