Габриел: Трамп го гледа светот како арена каде доминира посилниот

од desk2

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел вели дека очекува претседателот на САД, Доналд Трамп да ја „осуди“ нуклеарната спогодба со Иран.

Доналд Трамп тврди дека Иран не го почитува духот на нуклеарната спогодба и се очекува следната недела пред Конгресот да не даде позитивна оценка за примена на таа спогодба. Во тој случај, Конгресот би морал повторно да воведе санкции кон Иран.

Габриел ги критикуваше погледите на Трамп на меѓународните односи, каде според него, владее закон на посилниот.

„САД веројатно, а тоа се мои видувања, следната недела ќе ја осудат спогодбата со Иран“, рече Габриел, чија земја е една од потписничките на спогодбата која Иран ја постигна во 2015 година со САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија кои се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и со Германија.

Тој е уверен дека германската влада ќе продолжи да работи на тоа спогодбата која има за цел спречување на Иран да развие нуклеарно оружје, и натаму да ја применува.

„Што можеме да добиеме третирајќи го Иран на начин кој го турка да развие нуклеарно оружје? Апсолутно ништо“, рече шефот на дипломатијата на Германија. СПоред него, Трамп претставува „опасност“, затоа што го набљудува светот „како арена, место на судири каде најсилниот доминира“.

„Тоа значи дека владеењето на правото ќе биде заменето со закон на посилниот и тоа за нас претставува голема опасност, затоа што ако САД тргнат по тој пат светот ќе се промени“, изјави Габриел.

Слични содржини