Главниот обвинител и министер за правда на САД Џеф Сешнс ќе се искаже пред сенатската комисија за разузнавање во врска со откритијата на екс шефот на ФБИ Џејмс Коми за руската афера, пренесе ББС.

Сешнс искажал  намера да зборува пред комисијата во писмо до сенатор Ричард Шелби.

Претходно тој планираше да учествува во сослушувањата по буџетските прашања, но  ги промени плановите во врска со изјавите на Коми од 8 јуни.

Во писмото Сешнс ја определува комисијата за разузнавање,  за истражувањето на  руската интервенција во претседателските избори во САД, како најсоодветно место за појаснување на прашањата поставени од откритијата на Коми.

  Во четвртокот отпуштениот директор на Федералното биро за истраги изјави под заклетва дека претседателот Доналд Трамп ја наклеветил ФБИ со изјавите дека службата не се справила со доделените нејзини задачи и  функции.

Во писмото на Сешнс не се прецизира дали ќе даде јавен исказ  или ќе зборува зад затворени врати.

Потсетуваме дека  Трамп го отпушти Коми, обвинувајќи го дека не се справува со своите обврски.

Според самиот Коми и според голем број набљудувачи, разрешувањето е поради стремежот на Трамп да ја  запре истрагата на руската врска.

Знам дека бев отпуштен поради истрагата. Тоа го тераше Трамп да се чувствува под притисок и предизвикуваше нервоза кај него.” – посочи Коми.

Според него, при една од средбите   претседателот побарал од него лојалност и се обидел да му влијае да ја прекине истрагата против поранешниот советник за безбедност Мајкл Флин за неговите врски со претставници на Кремљ.