Хан бара судски епилог за предметите од СЈО!

од Vladimir Zorba

„Важно е луѓето да имаат впечаток, ако сакате да бидат уверени дека сите криминални случаи се целосно истражени и ако има потреба за обвиненија тие да бидат завршени, да бидат заведени и да има судски случаи и ако е неопходно да има казни, пресуди итн.

Се работи за целиот судски систем кој треба да функционира“, вели Јоханес ХАН, Комесар на ЕУ за проширување.

Во однос на мандатот на СЈО, Хан истакна дека ова прашање и го препушта на Владата и парламентарното мнозинство. Запрашан дали ЕУ ги поддржува најавените реформи во правосудството, Хан рече:

„Му верувам на господинот Прибе и неговиот тим да го разгледаат тоа и да најдат соодветно решение кое ќе одговора на потребите на земјата“, додава Хан.

Еврокомесарот Хан пред неколку дена учествуваше на тематската седница на владата посветена на приоритетните реформи за интеграција на земјата.

За добрососедството  за  Софија и Атина

Исклучително многу  ги ценам првите иницијативи на македонскиот премиер Зоран Заев, како и оние на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да и подадат рака на Бугарија, но и на Грција, и  започнат дијалог. ВАжно е да се ​​разбере она што е можното решение, каде се наоѓаме, истакна  комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за Радио Слободна Европа.

 

“Без согласност на земјите-членки нема како да одиме напред. Но, тоа е важно пред се за самата Македонија – исполнувањето на потребните итни реформи кои разговаравме за време на заедничкиот состанок на владата … Експертите од Генералниот директорат ќе ви помогне и ќе помогнат на земјата во сите нејзини напори за да може наесен да констатираме сериозен напредок по прашањето за позитивниот извештај на ЕК “, вели уште Хан.

Локално.мк потсетува дека во последните две години за време на тешката политичка криза во Република Македонија Јоханес Хан беше главната фигура во  барањето  на излез со помош на меѓународните посредници. Со неговото учество беа потпишани договорите од “Пржино”, кои доведоа до предвремени парламентарни избори, формирање на техничка  влада  и поставување опозициски министри пред изборите, формирањето на специјалното обвинителство на Катица Јанева, и заложби  и план за медиумски реформи во Македонија.

 

 

Слични содржини