Истрага за АКМИС системот: Судските предмети се делеле на рака

од desk4

Првиот дел од увидот за функционирањето АКМИС системот кое го изврши Министерството за правда се утврди дека предметите во Кривичен суд се делеле на рака, информира а1оn.

Годишниот рапсоред за 2016 и 2017 година бил менуван често и не е испочитувана процедура. Десет пати е менуван распоредот на судии во Кривичниот суд во овие две години од кои само во септември 2016 година три пати бил менуван распоредот на судиите. . Не се користело автоматско распределување на предметите туку тоа е рачно правено. При увидот е констатирано е дека 860 предмети воопшто не добиле судија. Исклучувањето на судиите се правело без посебна причина, само со телефонско јавување од страна на претседателот на судот во судската писарница.

Во Врховниот суд составот на судиите бил менуван често, само во септември 2017 година девет пати биле менувани судиите.

Министерот Биљен Салији кажа дека на овој начин не се добивал случаен избор на судија, туку намерно се поставувале конкретни судии за одделени предмети.

Слични содржини