Иван Николов: Договорот меѓу Бугарија и Македонија, првата заздравувачка инјекција

од Vladimir Zorba

Често се навраќам на  интервјуто што во јуни 1996 година кое го направив за весникот  “Македонија” со Алфонс Емануилов – Макс. Тој е Бугарин од германско-белгиски потекло. Роден е во Софија во 1929 година, емигрирал во 1948 година и завршува во Лондон филозофија и политички науки. Од 1955 година живее во Монтевидео, Уругвај. Автор е на повеќе книги со геополитички анализи. Тогаш раководеше два весника и едно списание и беше дописник на неколку новински агенции
во Америка и Европа.
Разговаравме долго на различни теми поврзани со процесите на демократизација кај новите услови. Немаше како да не му поставам и прашањето за иднината на односите меѓу Бугарија и младата држава Р Македонија. Ќе цитирам дословно дел од неговиот одговор, кој денеска не тера  да размислуваме во-длабочината:

“… Јас претпоставувам дека односите меѓу Бугарија и новата држава ќе бидат под влијание не толку од Софија, колку од Скопје. Фктот дека Атина е доследно непријателска кон Р Македонија, покажува дека од Скопје би требало да ја  побараат поддршка и од Белград, и од Софија.
Прашањето е дали Белград има интерес да ја заштити државноста на Македонија, или ќе се усојузи со Грција против новата република. ТОГАШ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА единствениот ПОТПИРАЧ ќе остане само БУГАРИЈА. НЕ ЗАТОА што МАКЕДНСКАТА влада го сакаат, туку  ЗАТОА што тоа  нема да има друга алтернатива. ”

Овие зборови на господин Макс се потврдуваат денес, 21 години подоцна, со  паѓањето на пречките кои досега Скопје  си ги поставуваше намерно, за да не може да биде потпишан договорот за добрососедство меѓу нашите две држави.

Новиот македонски премиер Зоран Заев, чиј единствена цел е расчистување на патот на Македонија кон нејзатаната евроатланска интеграција, пикира  зафати  видливо склеротизирани аргументи пред можноста овој договор да биде потпишан од Бугарија. Високиот емоционален степен, сепак, и на сончевите ентузијасти, и на мрачните скептици во двете држави, е  натоварен со многу позитивна и негативна енергија, волни или невелно, повторно не оддалечува проблемот од неговата суштина.

Во случајот освен желбата, посветеноста, волјата на владите во Софија и Скопје од значење се и други фактори кои непотребно се потценуваат.

Два предуслови – едната психополитички, а друг  геостратешки ќе си полемизираат за улогата и значењето на овој договор во подолг период на време.

Првиот услов е длабоко вкорененетиотт, преку сите средства на масовната македонистична пропаганда, мит за улогата на вториот Илинден -2 август 1944 година, оформен како решение на првото заседание на АСНОМ / Антифашистичко Собрание за народното ослободување на Македонија / во главите на многумина современи граѓани на младата република.

Дали договорот меѓу двете држави ќе вчита ја  потребната критична доза решеност одговорните  политички фактори во Македонија да го  расчисти патот за императивна катарза кој треба да  проживее едно цело македонско општество, тоа е големото прашање?!

Минатото на Македонија ќе продолжи ли да се толкува според одлуките на “вториот Илинден” или ќе се врати кон својата
неизменета суштина !? Оневозможаување на  никакви приговори,  негација на се што е поврзано со договорот, оркестрирано од Никола Груевски, го огради конечно од идејниот смисла на акронимот  ВМРО, која е дел од името на неговата партија и нагласува колку  е силен  синдромот на досега стравопочиттс на  стериотипните  на размислување таму.

И не е ли срам, срам и подлост да се стават на иста идејна и национална основа Даме, Гоце, Тодор Александров со Лазар Колишевски, Крсте Црвенковски, Киро Глигоров и нивните следбеници, кои денес се шега со цветот на демократијата а сите  произлегуваат од неа  како идејни украси!

Место за илузии нема. Подготвени ли се веќе реформистичките елити во Македонија за еден искрен разговор за трагичната смрт на првиот премиер на повоена Македонија Методиј Андонов – Ченто?

Неговите зборови … “Ние се бориме за братска согласност со сите народи околу нас, прво со братскиот бугарски народ”, цитирани од. “Нова Македонија”, на 30 ноември 1944 година, денес звучат со нова сила. Но и со нова сила напнува и потребата да се откријат вистинските причини, не само идеолошките, за жестоката саморасправа и со сите негови министри: Панко Брашнаров, Киро Петрушев, Павел Шатев, Епаминод Иванов, д-р Стеријо Боздов, Богота Фотев, Лазар Соколов и Петре Пирузе.

Зошто на сите нив животот им беше насилно прекинат или намерно подложен на морални и физички страдања?

Секое стартување од таков вид разговори, дискусии и анализи или толкувањето на процесите со средствата на досегашниот македонистичка  машинерија ќе го претвораат договорот меѓу Бугарија и Р Македонија во документ на моменталната политичка коњуктура,  и придонесуваат за постигнување на стратешките цели за Скопје со лажни средства.


Вториот предуслов е стратегијата на Атина и Белград за заедничка граница меѓу двете држави. Односно младата македонска држава треба да продолжи да се развива според парадигмата на “вториот Илинден”, што укажува таа да биде тесно интегриран идејно, политички, духовно, економски, енергетски и инфраструно со Србија. По распадот на Југославија, Грција внимателно бдее Р Македонија да не и биде дозволено да стане членка на ЕУ и НАТО пред Србија. А тоа го исклучува секое зближување со Бугарија и секоја инфраструктура по оската “исток-запад”, кој во Атина и Белград се перцепира како смртна закана.

Оваа најскриена  цел на Грција е присутна со  години, уште од поранешниот министер за надворешни работи, Дора Бакојани, во неофицијален разговор со нејзиниот македонски колега Антонио Милошовски.

Тоа  го свативме од интервју на Милошовски за Дојче веле од 1 јуни 2014 година.Потценувањето на опасноста двете балкански престолнини да ја  саботира практичната примена на договорот меѓу Бугарија и Р. Македонија ќе биде тест за визијата на Софија и Скопје да се доживуваат како тандем со сопствена улога на балканската политичка сцена.

Има и еден  ТРЕТ  предуслов – амбициите на Русија да не дозволи по неуспехот на нејзините напори да го спречи внесувањето на Црна Гора во НАТО,  а Р Македонија  како Босна и Херцеговина, да го следат нејзиниот пример.

Во случајот Русија е моќното рамо -на грчко-српската стратегија  за младата држава, преку идеологизмот за единството на Словените-православните народи.

Договорот меѓу Бугарија и Р Македонија и во трите метрополи – Москва, Атина и Белград – се  гледа како ракета-носител за републиката покрај р.Вардар по траекторијата Скопје- Софија- Брисел.

Ако споменатите предуслови – психополитичката, геостратешката и Словено-православната севирана приказна бидат надминати, договорот меѓу нашите две држави ќе ја зајакне довербата во сопствените сили и нивната нова улога во балканските работи и ќе го  врати престижот на историската наука  како наука на стварното познание.

Во таа смисла договорот, без да е лек, ќе ја одигра улогата на првата   инекција за заздравување , против систематските зарази со болествотворни вируси,  во односи меѓу двете братски држави. / БГНЕС

 

——————————
Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен уредник на списанието “Бугарија- Македонија” и директор на издавачката куќа “Свети Климент Охридски”. Иван Николов е еден од  најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема.  Неговиот анализа е напишан специјално за Агенција БГНЕС.

Слични содржини