Кербер го освои трофејот на УС Опен (Фото)

од Vladimir Zorba

 

 Германката Анжелик Кербер е победничка на Грен слемот УС Опен, откако синоќа во финалето беше подобра од Каролина Плишкова со 2-1.5060461

Првиот сет германската тенисерка го доби со 6:3, Плишкова изедначи по 6:4 во вториот сет, а со ист резултат (6:4) Кербер го доби третиот сет за конечен триумф.

За Кербер ова е втор трофеј од Грен слем турнирите оваа година, претходно на почетокот од 2016. победи и на Австралија Опен во Мелбурн.

Добрите игри и победата во Њујорк, на Кербер од понеделник ќе и овозможат да се искачи на првото место на Светската ранг листа.5060463

Покрај Кербер такво нешто постигнала  само Серена Вилијамс (2009, 2010, 2012, 2013, 2015) и Жюстин Хенин (2007).

“Тоа е само неверојатно” Победив втора титула од гренд слем и тоа е најдобрата година во мојата кариера. За мене се тоа започна тука во 2011 година (полуфинале).

И сега, пет години подоцна јас стојам тука со трофејот. Сите мои соништа се обистинија  оваа година “, рече среќната Кербер по дуелот. Во понеделникот таа ќе ја префрли од врвот на светската листа Серена Вилијамс.

Кербер е првата Германка по Штефи Граф во 1996 година, која освои Отвореното првенство на САД. 5060462

На УС Опен вечер од 22 часот ќе стартува машкото финале во кое учествуваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Стан Вавринка (Швајцарија).

Слични содржини